| четврток, 6 декември 2018 |

Државата ќе спречи крваво сценарио

naslovna191

Во новиот број на „Република“, кој е во продажба од петок 29 април 2016 година, ќе читате:

 

Цвеќињата овенаа, огледалата пукнаа, на ред се украински багери?

Државата ќе спречи крваво сценарио

Следејќи го развојот на кризата, притисокот за бегство од избори, заложништвото на СДСМ кај чадорот, кај Канвас, Сорос, радикалите од сите страни, странските платеници и идеалисти, нивното дејствување на социјалните мрежи, но и досегашните активности на теренот – иконографијата, насилните провокации кон полицијата и целиот увезен украински фолклор, денот на „молотови коктели“ и на багери кои итаат кон институциите воопшто не е далеку.

Наближувањето на датумот на закажаните избори очекувано ќе го влошува моментот со тоа што по велигденските празници протестите, а со тоа и насилствата, ќе добијат на интензитет. Сценариото е да се вовлече државата во целосна криза, да се креира амбиент и да се покаже дека нема услови за избори. За да успее во такво нешто, состојбите мора да се интензивираат и да се радикализираат. Но тоа не значи дека и досега немало обиди за екстремнo дејствување и за напади врз институциите.

 

Зградите ги фарбаат, но народот не

Црното сценарио се прикрива со шарени лаги

Очајните опозиционери и Соросовите платеници се бојадисаа во „шарени“ револуционери за да бидат барем накратко прифатени од граѓаните. Но, нивната задна намера е силно препознатлива дури и преку поликолорот. Со секој следен ископиран потег од украинското сценарио, со секое искршено стакло, со секој осквернавен споменик, со секое подарено цвеќе и завртено огледало, станува сѐ појасно дека кризата е скапо платена игранка која е долго подготвувана. Во исто време, покажува дека нема никаква врска ниту со спонтан излив на граѓаните ниту со некаква искрена граѓанска цел. Зад неа стојат истите тие што ги ангажираа Верушевски и Заев, истите тие што со години наназад се обидуваат на силеџиски начин да го сменат името, да го избришат генетскиот код на Македонците и да ја растурат државата.  Токму затоа сите овие антидржавни структури обединети во „Визијата за Македонија“ на Заев не бираат начини и средства насилно да ја урнат власта, а за таа цел подготвени се да прегазат сѐ што ќе им се најде на пат, вклучувајќи ја и народната волја. Сепак, нивната таканаречена „шарена револуција“ има две фабрички мани – недостиг на јасна идеја која ќе ја води револуцијата и немањето лидер кој би ја предводел.

 

50 ни­јан­си на Со­ро­со­ви­от ван­да­ли­зам

Ша­ре­на­та па­ро­ди­ја на СДСМ

Све­тот по­втор­но слуш­на за уни­кат­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја. И по­втор­но бла­го­да­ре­ние на За­ев и на СДСМ. На­стра­на Со­рос. Пр­во ја прос­ла­ви­ја др­жа­ва­та ка­ко опо­зи­ци­ја што по­сто­ја­но ини­ци­ра, а по­тоа се пла­ши и ка­ко ѓа­вол од тем­јан бе­га од из­бо­ри. Сле­ду­ваа пе­тар­до­ид­ни­те бом­би, во ме­ѓу­вре­ме де­се­ти­ци нај­раз­лич­ни мо­ду­си на бој­кот, а се­га, по­ве­де­ни од па­то­ло­шка­та ен­дем­ска из­бо­ро­фо­би­ја за спас од нај­го­ле­ми­от страв из­мис­ли­ја уни­кат­на „ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“. Во ос­но­ва, на­ви­сти­на е по­треб­на мно­гу, мно­гу бо­ја за да ги при­крие си­те 50 ни­јан­си на си­ви­ло во ква­зи­ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от ма­ни­фест, од­нос­но ба­ра­ња на „гра­ѓа­ни­те“, кои со­се­ма слу­чај­но 100 про­цен­ти се сов­па­ѓа­ат со по­тре­би­те и со жел­би­те на СДСМ. Друг проб­лем е што мо­мент­на­та си­ту­а­ци­ја мо­же да би­де са­мо па­ро­ди­ја на не­ка­ква ре­во­лу­ци­ја, но при­да­вка­та, де­фи­ни­тив­но, ја по­го­ди­ја. По­ша­ре­на – здрав­је. Во све­тот на се­ка­кви „обо­е­ни“ Со­ро­со­ви ре­во­лу­ции ние сме по­втор­но ком­пи­ла­ци­ја на си­те за­ед­но. На­стра­на и со­ста­вот на ху­ли­га­ни­те – се по­тро­ши­ле Ма­ке­дон­ци, дај Ср­би, па оп – до­пол­ни со Гр­ци, мно­гу слич­но на ком­би­на­ци­ја­та на бо­и­те. Упо­тре­би сѐ ван­дал­ско што си ви­дел, чул и на­чул, па што по­ми­не – од­лич­но, што не – здрав­је…

 

Федерализација за поддршка на Заев

Преку „слободна Македонија“ до „ Голема Албанија“

Раз­лич­ни­те по­ли­тич­ки аген­ди што по­сто­јат во опо­зи­ци­ски­от блок мо­жат да би­дат то­ле­ри­ра­ни, ду­ри и под­др­жа­ни ако тие со­др­жат еко­ном­ски про­е­кти, тех­но­ло­шки про­гра­ми, со­ци­јал­ни це­ли, стра­те­шки це­ли или но­ви­те­ти што мо­жат Ма­ке­до­ни­ја да ја по­диг­нат на ед­но но­во по­ви­со­ко ни­во. Си­те тие се ле­ги­тим­ни сѐ до­де­ка се дел од ма­ке­дон­ска­та со­вре­ме­на по­ли­ти­ка и за­ко­но­дав­ство, сè до­де­ка не уди­ра­ат по те­ме­ли­те на др­жав­но­ста и  не про­мо­ви­ра­ат или не вр­шат на­силс­тво. Пра­ша­ње­то за фе­де­ра­ли­за­ци­ја кое де­но­ви­ве се иска­чи ви­со­ко на аген­да­та на тие што ги ор­га­ни­зи­ра­ат про­те­сти­те не е ед­но од овие ле­ги­тим­ни по­ли­тич­ки те­ми. Ма­ке­дон­ски­от ја­вен ди­скурс ни­ту е, ни­ту тре­ба да би­де под­го­твен во­оп­што да раз­го­ва­ра на те­ма­та де­кон­струк­ци­ја на по­ли­тич­ки­от си­стем и те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја.

 

Сти­му­ла­ци­ја­ за „заз­дра­вување“ на сто­чарс­тво­то

Државна помош за набавка на ви­со­ко­при­но­сен до­би­ток

Ма­ке­дон­ско­то сто­чарс­тво со го­ди­ни на­на­зад бе­ше ста­ва­но на мар­ги­ни­те би­деј­ќи за не­гов раз­вој ни­ко­гаш не­ма­ше до­вол­но вол­ја и средс­тва што би се вло­жи­ле за да се под­др­жи. Сла­би­от ге­нет­ски по­тен­ци­јал на до­би­то­кот во зем­ја­ва им за­да­ва­ше гла­во­бол­ка на сто­ча­ри­те, кои во одг­ле­ду­ва­ње­то до­би­ток и про­из­водс­тво­то на хра­на не гле­даа ид­ни­на. Ло­ши­от ква­ли­тет на гр­ла­та да­ва­ше лош ква­ли­тет на ме­со­то и на мле­ко­то и ма­ли при­но­си. Ло­ша­та кли­ма за ра­бо­та во овој се­ктор ги од­да­ле­чу­ва­ше лу­ѓе­то и од иде­ја­та да се за­фа­тат со одг­ле­ду­ва­ње до­би­ток, но ра­бо­ти­те на­ско­ро ќе се сме­нат и тоа, се раз­би­ра, на по­до­бро. Име­но, др­жа­ва­та од ја­ну­а­ри в го­ди­на, ќе по­кри­ва 80 от­сто од тро­шо­ци­те за на­ба­вка на ви­со­ко­при­но­сен до­би­ток. Во мо­мен­тов по­го­ле­ми­от дел од до­би­то­кот во зем­ја­ва е со мал ге­нет­ски по­тен­ци­јал. Со во­ве­ду­ва­ње­то на мер­ка­та, се оче­ку­ва зем­јо­дел­ци­те да има­ат по­го­лем при­нос, од­нос­но по­го­ле­ма за­ра­бо­тка, ка­ко и по­до­бар ква­ли­тет на мле­ко­то и на ме­со­то. Со ова зна­чи­тел­но ќе се зго­ле­ми и нив­на­та кон­ку­рент­ност на европ­ски­те па­за­ри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top