Во новиот број на „Република“, кој е во продажба од петок 29 април 2016 година, ќе читате:
Цвеќињата овенаа, огледалата пукнаа, на ред се украински багери?
Државата ќе спречи крваво сценарио
Следејќи го развојот на кризата, притисокот за бегство од избори, заложништвото на СДСМ кај чадорот, кај Канвас, Сорос, радикалите од сите страни, странските платеници и идеалисти, нивното дејствување на социјалните мрежи, но и досегашните активности на теренот – иконографијата, насилните провокации кон полицијата и целиот увезен украински фолклор, денот на „молотови коктели“ и на багери кои итаат кон институциите воопшто не е далеку.
Наближувањето на датумот на закажаните избори очекувано ќе го влошува моментот со тоа што по велигденските празници протестите, а со тоа и насилствата, ќе добијат на интензитет. Сценариото е да се вовлече државата во целосна криза, да се креира амбиент и да се покаже дека нема услови за избори. За да успее во такво нешто, состојбите мора да се интензивираат и да се радикализираат. Но тоа не значи дека и досега немало обиди за екстремнo дејствување и за напади врз институциите.
Зградите ги фарбаат, но народот не
Црното сценарио се прикрива со шарени лаги
Очајните опозиционери и Соросовите платеници се бојадисаа во „шарени“ револуционери за да бидат барем накратко прифатени од граѓаните. Но, нивната задна намера е силно препознатлива дури и преку поликолорот. Со секој следен ископиран потег од украинското сценарио, со секое искршено стакло, со секој осквернавен споменик, со секое подарено цвеќе и завртено огледало, станува сѐ појасно дека кризата е скапо платена игранка која е долго подготвувана. Во исто време, покажува дека нема никаква врска ниту со спонтан излив на граѓаните ниту со некаква искрена граѓанска цел. Зад неа стојат истите тие што ги ангажираа Верушевски и Заев, истите тие што со години наназад се обидуваат на силеџиски начин да го сменат името, да го избришат генетскиот код на Македонците и да ја растурат државата. Токму затоа сите овие антидржавни структури обединети во „Визијата за Македонија“ на Заев не бираат начини и средства насилно да ја урнат власта, а за таа цел подготвени се да прегазат сѐ што ќе им се најде на пат, вклучувајќи ја и народната волја. Сепак, нивната таканаречена „шарена револуција“ има две фабрички мани – недостиг на јасна идеја која ќе ја води револуцијата и немањето лидер кој би ја предводел.
50 нијанси на Соросовиот вандализам
Шарената пародија на СДСМ
Светот повторно слушна за уникатноста на Македонија. И повторно благодарение на Заев и на СДСМ. Настрана Сорос. Прво ја прославија државата како опозиција што постојано иницира, а потоа се плаши и како ѓавол од темјан бега од избори. Следуваа петардоидните бомби, во меѓувреме десетици најразлични модуси на бојкот, а сега, поведени од патолошката ендемска изборофобија за спас од најголемиот страв измислија уникатна „шарена револуција“. Во основа, навистина е потребна многу, многу боја за да ги прикрие сите 50 нијанси на сивило во квазиреволуционерниот манифест, односно барања на „граѓаните“, кои сосема случајно 100 проценти се совпаѓаат со потребите и со желбите на СДСМ. Друг проблем е што моментната ситуација може да биде само пародија на некаква револуција, но придавката, дефинитивно, ја погодија. Пошарена – здравје. Во светот на секакви „обоени“ Соросови револуции ние сме повторно компилација на сите заедно. Настрана и составот на хулиганите – се потрошиле Македонци, дај Срби, па оп – дополни со Грци, многу слично на комбинацијата на боите. Употреби сѐ вандалско што си видел, чул и начул, па што помине – одлично, што не – здравје…
Федерализација за поддршка на Заев
Преку „слободна Македонија“ до „ Голема Албанија“
Различните политички агенди што постојат во опозицискиот блок можат да бидат толерирани, дури и поддржани ако тие содржат економски проекти, технолошки програми, социјални цели, стратешки цели или новитети што можат Македонија да ја подигнат на едно ново повисоко ниво. Сите тие се легитимни сѐ додека се дел од македонската современа политика и законодавство, сè додека не удираат по темелите на државноста и не промовираат или не вршат насилство. Прашањето за федерализација кое деновиве се искачи високо на агендата на тие што ги организираат протестите не е едно од овие легитимни политички теми. Македонскиот јавен дискурс ниту е, ниту треба да биде подготвен воопшто да разговара на темата деконструкција на политичкиот систем и територијална организација.
Стимулација за „заздравување“ на сточарството
Државна помош за набавка на високоприносен добиток
Македонското сточарство со години наназад беше ставано на маргините бидејќи за негов развој никогаш немаше доволно волја и средства што би се вложиле за да се поддржи. Слабиот генетски потенцијал на добитокот во земјава им задаваше главоболка на сточарите, кои во одгледувањето добиток и производството на храна не гледаа иднина. Лошиот квалитет на грлата даваше лош квалитет на месото и на млекото и мали приноси. Лошата клима за работа во овој сектор ги оддалечуваше луѓето и од идејата да се зафатат со одгледување добиток, но работите наскоро ќе се сменат и тоа, се разбира, на подобро. Имено, државата од јануари в година, ќе покрива 80 отсто од трошоците за набавка на високоприносен добиток. Во моментов поголемиот дел од добитокот во земјава е со мал генетски потенцијал. Со воведувањето на мерката, се очекува земјоделците да имаат поголем принос, односно поголема заработка, како и подобар квалитет на млекото и на месото. Со ова значително ќе се зголеми и нивната конкурентност на европските пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст