| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се народни верувања за Величетврток: Еве што треба, а што не треба да правите

Празнувањето на утрешниот голем ден, Величетврток, почнува со литургија во сите храмови на Македонската православна црква.

Според евангелските записи, Христос на Тајната вечера го благословил лебот и поделувајќи го со апостолите рекол: „Ова е моето тело кое се крши за вас за простување на гревовите.“

Потоа зел чаша со вино и додал: „Пијте од оваа чаша сите, ова е мојата крв која се пролева за вас и за многумина поради простување на гревовите.“

Христовите зборови на Велики четврток се повторуваат на литургиите пред причестувањето на верниците, по примерот на првата причест на Христос и неговите апостоли.

Празникот е еден од деновите одредени за причест на верниците кои го почитувале православниот канон, „да се пости со вода“ најмалку петте последни дена.

Народот верува дека и на најголемите гршници кои ќе се причестат на тој ден, гревовите ќе им бидат простени. По литургијата  дозволено е да се јаде зејтин и да се пие вино.

За Велики четврток кај народот постојат бројни верувања и обичаи. Во некои манастири селаните носат на овој ден голема свеќа која се пали во текот на цела година додека не се донесе друга.

Овој ден во некои краишта се слави како празник за орање, оние кои ќе одат на нивата со запрежна стока, но не работат ништо. Не постои велесба, туку само собирање.

Кај некои православни народи на Велики четврток ќе вапсуваат јајцата или барем се почнува со тоа. Кај Русите на овој ден се меси велигденскиот благ колач.

Православните цркви на Величетврток прават мироварење. Мирото се вари три дена, од понеделник до среда, во казани во кои се става осветена вода, чисто вино и маслинов зејтин, а потоа разни други масла, смоли, растенија и мириси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top