Почна проширувањето и реконструкцијата на патот меѓу Горно и Долно Лисиче во општина Аеродром. Должината на патот е 3,5 километри, а ќе се прошири по еден метар од двете страни. Се очекува проектот да заврши за три месеци.
-Проектот има исклучително значење за жителите на Горно и Долно Лисиче, бидејќи со изградбата на овој со години оштетен и тесен пат, ќе им се овозможи побрза сообраќајна комуникација со другите делови од општината и центарот на градот, изјави градоначалникот Ивица Коневски.
Реконструкцијата на патот се изведува во рамки на Програмата за рехабилитација и подобрување на локалната патна мрежа. Чини над 400 милиони денари од државниот буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром


