| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Пропаднаа обидите да нè изолираат

rusiq-opitite-da-ni-izolirat-se-provaliha-371993

Обидите нашата земја да биде изолирана претрпеа неуспех, рече рускиот министер Сергеј Шојгу. Тој  зборуваше на форумот посветен на безбедноста во Москва.

– Интервенцијата на Западот во украинската криза беше обид ние да бидеме елиминирани од меѓународната сцена. Експериментот се покажа неуспешен, рече тој.

Шојгу го коментираше и соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турската армија во ноември 2015 година.

– Агресивните активности на Анкара покажаа дека НАТО стана заложник на една своја членка, која спроведува авантуристичка политика, додаде министерот за одбрана.

На форумот говореше и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Според него безбедноста во Европа се наоѓа во ќорсокак. Со овие зборови првиот дипломат го коментира недостатокот на резултат од преговорите помеѓу неговата земја и НАТО минатата недела.

Високи претставници на Северноатлантскиот пакт и најголемата по територија земја во светот, на 20 април по речиси двегодишна пауза ја одржаа првата средба.

Причината за прекинот на контактите е интервенција на Москва во внатрешните работи на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top