Реал Мадрид одигра реми без голови на гостувањето на „Етихад“ и за осум дена ќе го пречека Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“ во битка за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Кејлор Навас, голманот на „кралевите“, е задоволен што неговата мрежа остана мирна, иако смета дека неговите соиграчи можеа да реализираат една од шансите пред голот на Харт.
– Реал Мадрид секогаш оди на победа, така беше и вечерва, но, сепак, не успеавме да реализираме ниту една од шансите што ги создадовме. Во дефанзивниот дел бевме одлични, се чини дека ниту една од екипите не сакаше премногу да ризикува. Но, сега следи реваншот во Мадрид и верувам дека ќе оствариме триумф и ќе се пласираме во финалето на Лигата на шампионите – изјави Кејлор Навас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хрват во навивачки жар го фрли каучот низ прозорец (Видео)
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера