| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Без разлика на резултатот, шансите сѐ уште се 50-50

zidan

Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е задоволен по синоќешното реми на тимот на гостувањето против Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ.

Реал без Кристијано Роналдо на „Етихад“ одигра без голови против Сити, а гостите од Мадрид имаа неколку убави можности да стигнат и до победата.

– Пред овој натпревар шансите на двата тима за финале беа 50-50. Мислам дека и сега уште се 50-50, но среќен сум од крајниот епилог – истакна Зидан, дополнувајќи дека се надева за реваншот да биде подготвен и Карим Бензема, кој поради повреда беше заменет на полувремето.

– Се надеваме дека ќе биде подготвен за реваншот – рече Зидан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top