Ако имате навика да ручате малку порано, а практикувате да седите до доцна во вечерта, сосем е нормално е да почувствувате потреба за закуска пред спиење.
Секако дека истата можете да си ја дозволите, но само ако ги избегнувате овие намирници кои не се добри за организмот пред спиење, а ниту за вашата линија.
Житарки
Поголемиот број луѓе кога се гладни веднаш посегнуваат по житарки или по мусли со млеко мислејќи дека тоа е лесна храна. Не се сите житарки лош избор за вечера, но поголемиот дел од нив содржат голема количество шеќер и ниско количество влакна. Ако навечер консумирате многу шеќер, веројатно изутрина ќе се разбудите многу гладни. Наместо житарки, изедете еден овошен јогурт во кој има житарки што содржат најмалку четири грама влакна по порција.
Мексиканска/зачинета храна
Зачинетата храна е привлечна во секое време, но никако не е препорачлива пред спиење. Таквата храна богата со калории и маснотии може да предизвика разни киселини и непријатности во желудникот. Ако вашите потреби за ваква храна се навистина големи, тогаш изедете една пченкарна тортилја со сирење со ниска масленост.
Чизбургер/помфрит
Мрсната и тешка храна може многу лошо да влијае на вашиот желудник бидејќи ѝ треба долго време да се свари. Наутро ваква храна ќе ви предизвика замор и потреба за сон, додека ваквиот оброк доцна навечер ќе ви направи проблеми со несоница. Ако веќе мора да изедете сендвич пред спиење, тоа нека биде сендвич со мисирка и секогаш леб од интегрално брашно.
Чоколадо
Не само што чоколадото има многу калории и шеќер, туку содржи и кофеин кој може да придонесе за немирен сон. Ако сакате нешто слатко, испијте чаша топол чај или чаша чоколадно млеко со ниска масленост, или, пак, изедете некое интегрално колаче.
Газирани сокови Газираните сокови се извор на шеќер и празни калории, така што очигледно тие се погрешен избор за кое било време од денот. Тие може да ви создадат несоница, а содата од соковите може да ви направи проблеми и гасови во стомакот. Наместо тоа, пред спиење испијте една чаша млеко, чаша чај или вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.