| четврток, 6 декември 2018 |

Бура и обилни дождови за празниците

За велигденските и за првомајските празници подрачјето на Македонија се очекува да биде под влијание на влажни и на нестабилни воздушни маси од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места проследени со грмежи и со засилување на ветрот. Локално се очекуваат обилни врнежи.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени. УВ-индексот ќе има вредност седум.

Во петок и во сабота во Македонија ќе има извесно зголемување на облачноста и локални  врнежи од дожд, а на места и со појава на грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top