Атлетико Мадрид втор пат во последните три години успеа да ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но сепак триумфот од 2:0 на „Висенте Калдерон“ од пред две недели сега повторно го актуелизираше главниот судија Никола Рицоли кој се осврна на најконтроверзниот момент на натпреварот, односно неговата одлука да не досуди пенал за Каталонците во последната минута.
Забавените снимки покажаа дека Габи ја удри топката со рака внатре во шеснаесетникот по центаршутот на Андрес Иниеста, а дека направил грешка во дадената ситуација истакна и најдобриот италијански судија кој покрај признанието, предложи воведување на технологија која ќе им помага а судиите во такви тешки ситуации.
– За жал, нозете на играчот на Атлетико беа надвор од шеснаесетникот и тоа ме излажа. Ако имаше технологија во фудбалот, немаше да ја направам грешката. Мислам дека имав навистина добар натпревар до тој момент од четвртфиналето – изјавил Рицоли кој тогаш одлучи да досуди само слободен удар од работ на шеснаесетникот за Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.