Колку пати досега сте помислиле дека би било убаво да го прошетате светот, да ги видите сите егзотични места а при тоа да заработувате? , пишува „Скопјеинфо“.
Српски Курир пренесе писмо од читател кој бил убеден дека работата на луксузен крузер е вистинското место за тоа. Сакајќи да го раскаже своето искуство, тој замолил да остане анонимен. Неговото писмо ви го пренесуваме во целост.
Драги читатели,
Време е еднаш засекогаш да ставиме крај на сите лаги кои кружат околу медиумите, разните портали и блогови на кои претставниците на агенциите ја прикажуваат работата на брод (крузер) како американски сон – особено во времиња кога невработеноста е огромна.
Луѓето немаат работа, па често се одлучуваат “на дај што може – подобро нешто отколку ништо”. Посебно ако имаат семејство, жена и три деца. Како сето ова функционира? Рекла – казала. Така сите кои досега стапнале на крузер се одлучиле да работат. Сме слушнале приказни од луѓе или пак сме прочитале нешто на интернет. Ваквите информации ни креираат слика на ветената земја на крузерот и совршена работа. Секако, ова е далеку од реалноста. Доколку ги контактирате агенции за работа, голема е веројатноста дека ќе ви биде понудена работа како Asiistant Waiter (помошник на келнер) или пак собар/собарица. Повисоките позиции е скоро и невозможно да ги добиете освен ако навистина не се истакнете од сите заинтересирани кандидати или пак имате препорака од претседателот на државата. Останите начини нејќам ни да ги спомнувам.
Секако, вработените во агенцијата ќе ви кажат дека платата ќе ви биде од 800 па се до 1200 евра. А на прашањето колку брзо можете да напредувате одговорот е дека со неколку договори можете да купите куќа, автомобил, стан и што ли уште не. Па дури и да ги исчистите кредитите, долговите и да живеете среќно до крајот на животот. Ова е точно, но само во детските сликовници и бајки.
Но, парите се тоа што не привлекува сите. Дали сакаме да си признаеме или не, сепак факт е дека сите работиме за пари, не работиме зашто што мораме или пак за да трпиме нечие директорско однесување за џабе. Едноставно мораме! Смешно е ова што го пишувам, па дури и трагикомично но се разбира секоја работа има и лоши и убави моменти. Но ајде да почнеме со убавите!
Позитивната страна на црнчењето
Доколку работите на брод, голема е веројатноста дека ќе запознаете луѓе од различни националности, возраст, вера…Ќе видите места за кои само сте сонувале! Ќе можете да пиете алкохол во барот за екипаж за помалку од едно евро. Цените се смешни! Ќе частите се околу себе за да кога ќе дојдете во соба заклучите дека сте потрошиле само 15 евра. Кога некој ќе ве праша дали ви е убаво, вие ќе одговорите дека е океј, дека има работа, но дека се издржува. Ќе ставите слика на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ќе добиете 50 лајкови по фотка – 50 лајкови за дополнителна мотивација за подобро утро.
Ќе пратите пари дома, се со цел вашето семејство да живее убаво и солидно додека вие едвај преживувате на брод. Некој ќе ве мрази, некој пак ќе биде среќен за вас. Никој не сака да признае дека е лошо.
Другата, не толку позитивна страна
Но која е вистината? Не е се така како што изгледа! Патувате на другата страна на светот, каде не знаете како ќе биде и што ве чека. Илјада прашања неодговорени. Немате никој свој, никој кој го познавате. Плачете бидејќи ги оставате оние кои ги сакате, родителите, браќата, сестрите, сопругата, љубовницата…Кога ќе стапнете на бродот настанува вистинскиот хаос. Најпрвин влегувате во MSA (одделот кој треба да ви помогне со документацијата и да ви даде дополнителни упатства) каде ви даваат клуч од кабината и ви кажуваат каде треба да се јавите за потпишување на договорот. По потпишувањето се снаоѓате сами. Крузерите се огромно здание, а вие немате појма кај што е.
Бродот има околу 14 палуби, а вие не знаете каде ви е главата, а не па кабината. Ќе му се јавите на менаџерот но тој ќе ви каже да се обратите во MSA, CTC, Storafe romm, Starboard, Port side….Но, што е тоа? Одговор нема. Снајди се како знаеш и умееш! Прашајте некого. Оние кои се подолго време на брод, односно кои подолго време работат тука ве гледаат како вонземјани, како да тие не биле во истата ситуација. Но, сепак ќе се најде некој добар човек и ќе ви помогне.
Но, вистинскиот шок следува кога ќе влезете во кабината. Тогаш се прашувате дали да останете или да се вратите дома. Треба да сте среќни ако не ви дадат смрдлива кабина, или пак да ве сместат со цимер кој не се истуширал од лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.