Културата да не се става во дневно политички цели, заради личните интереси на поединци. Македонскиот народен театар смета дека сите обвинувања од страна на таканаречениот синдикат се неаргументирани и се во насока на девалвирање на сето она што се реализира во делот на културата. Делата и проектите покажуваат и се потврда за се она за кое што Министерството за култура дава огромен придонес за културата во Р.Македонија воопшто, велат од Македонскиот народен театар (МНТ).
„Во врска со денешниот протест на на СКРМ , Македонски народен театар сака да ја информира јавноста за сите свои активности, за посетеноста на театарските претстави, за технологијата со која располага новиот објект,за што има целосна поддршка од Министерсвото за Култура на РМ, со што на јавноста ќе и овозможи реално да ја согледа состојбата за нашата институција. Реалните факти и аргументи не соодветствуваат со ставовите изнесени од страна на т.н синдикат СКРМ.
Благодарение на поддршката на Министерството за култура, Македонскиот народен театар доби врвен репрезентативен објект со што се оствари сонот на целиот ансамбл на МНТ и на нашата публика.
Македонски народен театар технолошки е еден од најсовремените театри во Европа и ја поседува најмодерната и најсофистицирана техничка опрема во рамките на сценската технологија,движечки платформи,модуларен тип со двојно дно, како и комплетната аудиовизуелна технологија.
Македонски народен театар во 2006 година броел 82 вработени,а денес има вкупно 142 редовно вработен уметнички и административно-технички кадар.
Од отворањето на новиот објект (2013 год.) на Македонскиот народен театар до сега поминале преку 250,000,00 посетители. За МНТ цели кон ширење на театарската уметност во јавноста и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар, за оваа мисија доволно зборува и бројката од над 134 000 посетители во 2015 година.
Македонски народен театар ја продолжува својата традиција со создавање и изведување класични и авангардни драмски текстови со познати режисери и од познати автори. Македонскиот народен театар денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл и ја продолжува традиција со креирањето на секој нов процес – проект, како и ширење на меѓународна и културна соработка. Според сите релевантни фактори МНТ може со гордост да каже дека е еден од водечките театарски центри во Југоисточна Европа.
Сакаме исто така да потенцираме дека во рамките на театарот отворен и Театарскиот музеј каде се чуваат и презентираат оригинални и автентични предмети и фотографии, особено од повоениот период на постоењето на театарот, кои се исклучиво во сопственост на музејот. Македонски народен театар го реализира и проектот виртуелен (дигитален) модел од 360 степени на експонирање од една музејска поставка со што е овозможено интерактивна посета на публиката од секоја точка на светот, што не прави еден од водечките театарски музеи во технолошка смисла“ се вели во соопштението на МНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат