НУ Музеј на македонската борба – Скопје не ги поддржува протестите организирани од Синдикатот на културата на Република Македонија, се вели во реакцијата од Музејот.
„Ваквиот начин на демонстрирање, што се вклопува во партиска концепција на дејствување, не може да ја помати сликата на сите напори и резултати постигнати во сите области на културата изминативе години. Бројот на реализираните проекти укажува дека како никогаш досега е вложувано во културата и во афирмацијата на културните вредности и во Македонија и надвор од неа“ се вели во реакцијата на Музејот на македонската борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.