| четврток, 6 декември 2018 |

Жена пешак се бори за живот откако „ауди“ ја прегази

Вчеравечер во 22,40 часот на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ванчо Прќе“ во Штип се случила сообраќајна незгода.

До несреќата дошло кога возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки управувано од И.Т.(27) од Прилеп, удрил во женско лице.

Жената пешак во бессознаие е пренесена во Клиничката болница во Штип од страна на брзата помош, каде и се констатирани тешки телесни повреди, поточно скршеница на вториот пршлен и се наоѓа во животна опасност.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top