Второпласираниот тим во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија денеска преку соопштение до јавноста објави дека не го признава Вардар за шампион, поради спорниот гол на Јасир Асани за победа на шампионот во натпреварот во недела, по кое скопските „црвено-црни“ избегаа на пет бода предност пред тетовци на три кола до крајот на сезоната.
Шкендија е гневна на судењето на дербито, особено поради голот од офсајд на Асани, но и поради неможноста симпатизери на тетовци да присуствуваат на дуелот.
Целото соопштение на тетовскиот клуб може да го прочитате во продолжение.
– Почитувани претставници на Фудбалската федерација на Македонија и одговорни за судењето на натпреварите под надлежност на ФФМ.
За да бидеме подобро разбрани, однапред се ,,самоупатуваме,, на изреката “Кој губи има право да се лути”! Како клуб не бараме алиби за оправдување, бидејќи према Вас не почуствуваме ниту една грижа на совест не само поради вчерашниот ,,пораз,,. Исто така знаеме дека овој приговор нема легална димензија пост-фестум врз ,,наградениот,, резултат на противникот.
Однапред подвлекуваме дека епилогот од ова првенство, решено преку овие ,,три бода,, нема да биде признат од Нас како клуб! Оваа чудо нема да трае три дена.
Анализирајќи го внимателно и преку снимените видеоматериали, натпреварот од 29-тото коло од Прва МФЛ за сезона 2015/16 помеѓу сениорските екипи на ФК “ВАРДАР” и ФК “ШКЕНДИЈА” е потполно нерегуларен. Како раководство не сме задоволни и со нашите редови и покрај тоа што сме свесни дека нерегулерниот и единствениот гол во утакмицата беше пресуден за текот на истата. Пред и се заради фудбалот и инвеститорите во него не можеме да ги затвориме очите пред една очигледна неправда, со индикации за намерни грешки против нашиот клуб.
Во рамките на 29-тото коло од Прва МФЛ, најмногу што жалиме е судењето. Сигурно дека не ни се допаѓаат поразите, но јасно е дека Нашите амбиции се долгорочни и за изградба на тоа што бараме треба време. Но, цениме дека ваквото делење на правдата ги расипува не само нашите амбиции, туку е пречка за унапредување на фудбалот во целина. Не успеваме да разбереме како може еден судија (втор помошен судија Гоце Петрески) да си дозволи да има влијание во конечниот резултат на еден натпревар, со што голот беше тотално нерегуларен (во прилог фото и видео материјал). Посебно видливо и во самата утакмица беше и однесување на соиграчот кој пред да ,,слави за голот,, зачуден загледа кај страничниот судија! Уште поголема е горчината кога се знае дека на овој натпревар суделе судија со ФИФА подзнак, што за нас е несфатливо еден судија на очигледна ситуација и поставен во ,,самата офсајт линија,, толку да греши. Ние како раководство неколку пати ги следевме сите детали и очигледно наместо правда имаше делење на неправда!. Впрочем денес и самиот помошен судија тоа и го призна, зашто постои и доказен материјал. Чекаме и јавно тоа да го направи.
Во деталната анализа на видео материјалот се гледаат јасно нанесените штети од судиите. Во тек на натпреварот поголем број од нашите фудбалери беа провоцирани од нивните ,,колеги,, па дури и од резервната клупа на домашната екипа и ниеден од судиите не реагираше на тоа. Највредлив беше моментот кога Шефот на стручниот штаб на клубот беше навреден од Гоце Седлоски на национална база. Нашиот интерес како клуб е да имаме коректно судење и ова треба да ни го обезбеди ФФМ. Сега сме веќе убедени дека ,,домашната куќа на фудбалот,, не може да обезбеди коректно судење? За сето оваа, покрај конкретните имиња, ќе биде испратен целосен аудио и видео материал до меѓународната ,,куќа на фудбалот,,.
Овој приговор ги надминува само состојбите на вчерашниот натпревар. Ако хронолошки ја анализираме ситуацијата сето ова пародиjа започна со одржаниот состанок помеѓу претставниците на двете клубови заедно со претставниците на ФФМ и на МВР, за натпреварот во рамки на 27-мото коло од Прва МФЛ. Натпреварот намерно и непотребно беше прогласен како со висок ризик. Во овој состанок домашната екипа (ФК “ВАРДАР”) кој е организатор на натпреварот не само што не му дозволеше на гостинската екипа (ФК “ШКЕНДИЈА”) да носи организирано навивачи, туку не му дозволуваше на обичните симпатизери и лубители на фудбалот кои се од албанска националост да бидат присутни на долгу очекуваниот натпревар ФК “ВАРДАР” – ФК “ШКЕНДИЈА” подеднакво важен за двете екипи. Оваа може да се случи само во Македонија и во македонскиот фудбал, да му се забранува присуството на дел на лубители на фудбалот само затоа што се со етнички предзнак како албанци! За да биде трагедијата уште поголема, во истиот состанок се одлучуваше од домашната екипа да управата и гостите од гостинската екипа да се наместат во импровизираната ВИП ложа во јужната трибина на националната арена “Филип Втори”, без минимално обезбедување за што се знае исходот.
Беа повредени тројца членови од потесното раководство и десетина малтретирани исфрлени надвор без завршување и на првото полувреме. Покрај извикани грдни национални навреди и скандирања делегатот не најде за сходно и да предупредува, како се постапува на пример во Тетово или Чаир.
Во целата ова пародија, најсмешна и без логика беше информацијата од Дисциплинската комисија на ФФМ во врска со инцидентот. Цела недела не можеше да се ,,собере форум,, и се расправа за настанот и жалбата под смешни оправдувања-противничкиот клуб не го примил поканата и не вложил изјава! Се беше јасно-да не се казни клубот и теренот заради повторната утакмица со Шкендија каде ќе му се ,,подаруваат,, бодовите со нерегуларен резултат. Зарем, господа од ,,фудбалската куќа,, дотолку стигнало нивото на вашата институционална интелегенција за толку ниско да ја процените просечната интелегенција на јавноста!
Замислете кој институционален капацитет постои во Вашите правила, на кои постојано се повикувате.
На пример во одредбите на правилникот за изземање на судија поради икс причини, приговорот се доставува до самиот ,,комесар,, кој го одлучил првобитното решение. Каде е двостепеноста во одлучувањето? Па што дека ќе се жалите пост-фестум, впрочем како и во овој случај! Дека оваа нее неосновано сомнение, Ве потсетуваме дека и воопшто не ги разгледувате овие акти и состојби, бидејќи за истото од ФК Шкендија, Ви било на писмено укажано уште во минатите сезони (види доказ во Ваша архива бр.417-10/2014 од 20.10.2014 година).
ФК “ШКЕНДИЈА” инвестира големи средтсва, енергија и култура во обидите да се изгради квалитетен тим што ќе придонесува за унапредување на фудбалот во Македонија, но сите овие Ваши однесувања го доведе рангирањето на земјата во 140 место во светскиот фудбал.
И покрај сите правни пропусти ФК “ШКЕНДИЈА” ги почитувала сите точки од правилникот за натпреварување под организација на ФФМ! Или оваа ,,куќа,, ќе ги почитува подеднакво своите обврски кон сите клубови, со посебен акцент врз коректното судење, или ние како клуб ќе бидеме принудени, покрај постојано известување на сите тела на УЕФА и ФИФА да ја согледуваме и нашето понатамошно однесување кон Вас и Вашите ,,независни,, тела!
За крај, еден клуб за да биде шампион тоа треба да го заслужи, а не да му се подарува титулата. Таков статус ние не прифаќаме и нема да го признаеме! – се вели во соопштението од управата на Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.