| четврток, 6 декември 2018 |

Хари Кејн: Не се предаваме, битката за титулата не е завршена

hari kejn

Тотенхем синоќа ремизираше со Вест Бромвич Албион со резултат 1-1, со што дополнителни си ја комплицира ситуацијата во битката за титулата со Лестер на три кола до крајот. Сега Лестер има седум бодови предност и му е доволно само уште една победа за да стигне до сензационалната титула оваа сезона во Премиер лигата.

Одличниот напаѓач на „спарс“, Хари Кејн не го криеше своето незадоволство од ремито со ВБА, додавајќи дека се уште постои надеж дека неговиот тим ќе стигне до титулата во Премиер-лигата.

– Се уште не е готово, и мора да продолжиме да се бориме. Требаше да го добиеме натпреварот со ВБА, но, се случуваат такви работи. За нас ова е лош резултат, и чувствувавме дека можеме лесно да го добиеме противникот. Тоа е фудбалот, и мораме да станеме со играчите од прашината – истакна Кејн.

Во наредните три натпревари, Тотенхем гостува кај Челси на „Стемфорд бриџ“, потоа на домашен терен го пречекува Саутемптон, и во последното коло ќе се соочи со Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top