На 4 мај започнува Фестивалот на монодрама во Битола, кој ќе трае седум дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13 монодрами.
Претставите ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција.
На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои: Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.
Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири: Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски.
Селектор на фестивалот е Петар Мирчевски.
Фестивалот е во организација на Центар за култура Битола, а со поддршка на Министерството за култура.
Фетсивалот ќе го отвори претставата “Животот е прекрасен” на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе го затвори “Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.