Долгометражниот филм „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, премиерно ќе биде прикажан на 13 август во Струмица, на денот кога петтемина млади студенти (Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов) беа погубени во 1951 година. За „Револушн продукција“ која и ја најавува премиерата, претставува голема чест што и овој голем филмски проект, кој е во завршна постпродукциска фаза, ќе започне да се прикажува од Струмица, бидејќи, според некое непишано правило, филмските проекти премиерите ги имаат во Скопје.
Според продукцијата, интересот кај публиката за премиерата е голем. Филмот ќе биде на маркетот на Канскиот филмски фестивал каде што се закажани средби со потенцијални дистрибутери и претставници на светски фестивали. Продуцентите се надеваат дека „Златна петорка“ ќе побуди интерес и кај големите филмски фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура