| четврток, 6 декември 2018 |

Мајките секогаш знаат најдобро: Со кој трик принцезата Дијана ги мамела Вилијам и Хенри

Некогашниот готвач на принцезата Дајана открил какво било менито за исхрана и како принцезата успевала да ги измами своите деца дека јаде иста храна како и тие.

Иако имала витка линија, цел живот таа посветувала големо внимание на физичката активност и здравата исхрана.

Дајана не јадела многу црвено месо, потоа производи богати со скроб, но многу ги сакала колачите со овошје.

Таа најчесто јадела варени компири зачинети со мелена пиперка и поширани пилешки гради. Но, на своите деца не им бранела да јадат пица, печени компирчиња, пита. За да им угоди, често се претварала дека јаде исто што јадат и тие.

– Знаевме да ги измамиме. Ќе ја извадевме кожичката на печениот компир или на пилешкото па принцевите мислеа дека јадат исто што јаде и нивната мајка – вели готвачот МекГрејди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top