| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ стана член на најголемата европска мрежа на театри

Македонскиот народен театар како национална институција беше предложена од повеќе реномирани театарски куќи од Европа и стана полноправна членка на ЕТC, заедно со повеќе од 40 театри-членки од 25 земји, 8.000.000 посетители, илјадници уметници од 20 земји и 16.000 претстави и настани годишно. Членството овозможува пристап до состаноците и овозможува итеракција со колегите/соработниците од цела Европа, а тоа честопати резултира со заеднички проекти и размена

Македонскиот народен театар стана членка на Мрежата ETC (European Theatre Convention) ЕТК – Европска театарска конвенција, најголемата европска мрежа на театри, информираат од националниот театар.

На интернационалната театарска конференција на театарската мрежа ETC/ Европска театарска конвенција, која се одржа од 21 до 24 април 2016 година, во „Театр де ла Мануфактур“ – драмски театар во Нанси, Франција, МНТ стана полноправна членка на оваа најголема европска мрежа на театри.

 

На конференцијата со тема „Театарот надвор од границите“ идентитети и припадност учествувале повеќе од 40 режисери, уметници, драматурзи и продуценти од повеќе од 25 угледни европски државни театри.

– Настанот понуди можност за дискусии и размена на идеи со експерти и предавачи од економската, социјалната и културната сфера, како и реномирани уметници од меѓународната театарска сцена, кои зборуваа за клучната улога на театарот во формирање на европски современи полифонични државјанства и општества.

Македонскиот народен театар како национална институција беше предложена од повеќе реномирани театарски куќи од Европа и стана полноправна членка на ЕТC, заедно со повеќе од 40 театри-членки од 25 земји, 8.000.000 посетители, илјадници уметници од 20 земји и 16.000 претстави и настани годишно. Членството овозможува пристап до состаноците и овозможува итеракција со колегите/соработниците од цела Европа, а тоа честопати резултира со заеднички проекти и размена. Дел од членките кои го креираат животот во мрежата ЕТС се од Австрија, Белгија, Италија, Германија, Норвешка, Холандија, Унгарија, Грузија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Финска, Франција, Турција, Украина и други земји – велат од МНТ.

ЕТС мрежата е основана во 1988 година за промовирање на современиот театар, поддршка на мобилноста и размена на актерите низ цела Европа и пошироко. Има за цел да ја потврди улогата на театарот и револуционерна сила при формирање на европската сцена, нудејќи пристап до културата на сите генерации преку високо квалитетни креативни и иновативни театарски проекти.

Како европска театарска мрежа за соработка, ETC воведува исклучително нови идеи и примери од најдобрите пракси кои се користат во театрите низ Европа и го поддржува развојот на интернационалната соработка, како и проектите од областа на уметноста кои се фокусираат на нови театарски форми на креација и соработка. Таа, исто така, служи како професионална сцена за театарските уметници, организира состаноци, инвестира во можности за подучување и обука и иницира истражувања и публикации од областа на театарот. Покрај тоа, ETC е активна и влијателна мрежа која го застапува европскиот јавен театарски сектор на политичко ниво бидејќи се труди да изгради долготрајни структурни врски со европските политички институции заради многу битната цел на зацврстување на позициите на европските театрски институции како дел од виталниот културен и креативен сектор.

Мрежата ЕТC се вклучува во програми за поддршка на европската театарска соработка од различни аспекти: програма за поддршка на размена на театарски уметници, претстави и проекти во рамките на мрежата; програма на фестивали на кои се претставуваат новите европски теарски трендови и се промовираат млади актери; програмата „Млада Европа“ креираше нови претстави за младите во школите и театрите кои покажаа вистинска соработка надвор од границите на својата земја; неодамнешната „Студија за развој на публиката“ која обезбеди првични сознанија за публиката во европските театри; проектот „Уметноста на стареењето“ со кој членките на ETC ги споделија демографските предизвици со кои се соочува нашето општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top