| четврток, 6 декември 2018 |

Утре парно за корисниците на „Балкан енерџи груп“

Корисниците на грејни услуги од компанијата „Балкан енерџи груп“ утре ќе добијат парно во своите домови, најавија од раководството на компанијата.

Според критериумите, по кои се пресметува и се утврдува дали е потребно да се пушти парно греење во домовите, компанијата и законски е обврзана да ја испорачува оваа услуга до 30-ти април.

На официјалната веб-страна на БЕГ се појави соопштение во кое се вели дека топланите се подготвени за евентуален рестарт до 30-ти, односно доколку температурите паднат значително, на корисниците ќе им биде испорачано греење. Критериумот за да се рестартираат топланите е дневна просечна темепература од 12 или помалку Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top