| четврток, 6 декември 2018 |

Лунапаркот ќе има два адреналински реквизита, шест семејни и 18 детски реквизити

Градот презеде конкретни активности за изградба на новиот забавен парк. Распиша оглас за избор на изведувач на паркот, а истовремено бара да ги купи и потребните реквизити. До крајот на идниот месец би требало да се знае кој ќе го гради лунапаркот, пишува „Скопјеинфо“.

Всушност, сега се бара фирма за изведба на првата фаза од забавниот парк, за што надлежните процениле дека ќе треба да платат околу 1,4 милион евра. Проценетата вредност, пак, за изведба на целиот проект (паркот со сите комплетни содржини и реквизити) е 6,5 милиони евра.

Во меѓувреме, треба да заврши постапката за набавка на реквизитите за паркот. Наводно, по барање на економските оператори рокот за достава на понудите е продолжен, и тоа по вторпат. Последен рок сега е до крајот на месецов. Планирано е лунапаркот да се опреми со два адреналински реквизита, со шест семејни и со 18 детски реквизити.

Предвидено е новиот лунапарк да се протега на површина од 82.000 метри квадратни, на местото на постојниот. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење, во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, објекти за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг… Проценето е дека новиот лунапарк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top