| четврток, 6 декември 2018 |

Холандската кралица ја разбесни јавноста поради палтото со свастика

Холандската кралица Максима за посета на германскиот град Нирнберг избра палто украсено со свастики. Овој потег ја налути јавноста која на социјалните мрежи упати бројни критики.
Кралицата е позната како љубител на дизајнерска облека. Најчесто изгледа беспрекорно, но овој пат, според јавноста, направила грешка. Деталите на нејзиното необично палто многумина ги потсетија на свастика, будистички симбол за вечност кој го користеа нацистите, иако кај кралицата краците беа свртени на другата страна.
Сивото палто го креирал данскиот дизајнер Клаес Иверсен.
Тој одговори дека немал намера да создаде такви конотации.
– Идејата беше да се обликуваат геометриските облици со сјајни материјали – изјавил дизајнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top