Барменот на годината за 2009 во Романија, Маријан Кукунешоски, ќе одржи предавање на тема „Creative & Tiki Coctails“. На 27 април, пак, ќе се одржи семинар насловен „Style of bartending“, со гостинот предавач Васко Лалиќ, еден од најдобрите на германската бар-сцена.Според агендата, натпреварувачкиот дел на првенството, кое ќе се случува во рамки на Меѓународниот саем за туризам, ќе почне денеска во 11 часот со квалификации, а финалето во класична подготовка и флертендинг е предвидено во 16 часот, истиот ден.Победникот од првенството, кое е во организација на Здружението на бармени на Македонија, ќе патува на меѓународниот натпревар „World Coctail and Flair Tending Competition“ во Прага, Чешка Република.
Според Здружението на бармени, менаџерите на кафе-баровите сѐ повеќе покажуваат интерес за коктел-мајсторите, а агенциите за посредување за работа во странство во сегментот угостителство, потврдуваат дека оваа професија е виза за подобар почетен статус. Со своето делување, сметаат од Здружението, го подигнале нивото на угостителството во државата.
Здружението на бармени на Македонија како непрофитна и невладина организација постои од 2005 година, а од 2007 година е полноправен член на Меѓународната асоцијација на бармени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.