Разочарувањето беше големо откако Вардар беа надиграни на домашен терен од страна на Веспрем и шансите за фајналфор повторно ги сведоа на теорија, а тоа се виде и на прес-конференцијата по натпреварот. Тренерот Раул Гонзалез му честиташе на подобриот противник, свесен дека е пропуштена нова, трета шанса да се игра на фајналфор турнирот во Келн.
„Честитки до Веспрем за денеска одлично одиграниот натпревар. Одигравме добро во првите петнаесет минути, но потоа малку по малку Веспрем влегувше во ритам, имавме проблеми со нападот, не можевме да дадеме гол, па гостите го искористија тоа за да стигнат до солидна предност. Иако имавме значајна негатива на полувреме покажавме карактер и се вративме, имавме и шанса за пресврт, но Веспрем сепак одигра одличен натпревар денеска. Жал ми е за навивачите, кои создадоа одлична атмосфера, но не успеавме да се оддолжиме со победа. Овој натпревар треба што поскоро да се заборави, треба да се фокусираме на реваншот и да се обидеме да направиме чудо, без оглед што знаеме дека ќе биде многу тешко“ – изјави Раул Гонзалез на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.