| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на загинатите во земјотресот во Еквадор, надмина 650 лица

ecuadorБилансот на загинатите во разорниот земјотрес во Еквадор достигна 646 лица, изјави денеска претседателот на земјата Рафаел Кореа во телевизиско обраќање.

Во земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој ја потресе земјата минатата недела, се ранети 12.500 лица, а судбината на 130 не е позната.

– Тоа се тажни денови за земјата. Државата е во криза, изјави претседателот.

Оттогаш се регистрирани неколку силни земјотреси и над 700 вторични потреси, кои предизвикаа паника, но причиja мала материјаlна штета. Се очекува потресите да продолжат неколку недели.

Разурнати се околу седум илјади згради, a над 26 илјади лица живеат во кризните центри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top