Натпреварот меѓу Борац и Црвена Звезда во рамките на српското првенство, кој денеска требаше да се одигра во Чачак, е одложен поради трагедијата која се случила синоќа и убиството на еден навивач на белграѓани.
Како што пренесуваат српските медиуми, до убиството дошло утрово некаде околу 4 часот, кога навивачките групи на двата клуба на плоштадот во Чачак закажале меѓусебна отворена пресметка. Притоа, навивачите на Борац Чачак со ножеви ги нападнале „Делиите“ при што е убиен еден навивач кој е прободен директно во срце, а уште еден е тешко повреден.
Одлуката за одлагање на натпреварот ја донел директорот на Суперлигата на Србија, а новиот термин дополнително ќе биде одреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.