| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги порачува и диктира пресовите на Катица Јанева

Опозициската СДСМ ги порачува и диктира пресовите на Катица Јанева, специјалната јавна обинителка. Зоран Заев, лидерот на СДСМ во неколку наврати најави дека ќе испорача нешто, а јавноста досега беше сведок дека таа веќе следниот ден се појавуваше на прес-конференција на која што најави нови истражни постапки. Така беше и во четвртокот, кога се одржа прес конференција на СЈО каде што Специјалното јавно обивнителство најави дека отвара нова истрага за случајот „Космос“.

Кординаторот на советничката група на СДСМ во Општина Гази Баба Дарио Николовски по прес-конференцијата на СЈО јавно го повика градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, после неколку отсуства наназад на седниците во текот на вчерашниот ден да се појави поради новонастанатата ситуација поврзана со пресот на СЈО за случајот „Космос“.

13081982_10208613384999308_542370773_n

Исто така, како што може да се види од приложената фотографија, само неколку минути пред да биде соопштено дека ќе биде покрената истрага, Николовски на социјалните мрежи објави статус со кој што ја најави прес-конференцијата на Јанева и притоа го повика градоначалникот Трајковски да ја слушне истата затоа што се работи за „Космос“.

Градоначалниче Тони, мислам ти си на ред, слушнете добро за „Космос“ се работи, напиша Николовски на неговиот Фејсбук профил.

Советникот на СДСМ од Гази Баба на 15 минути пред воопшто да се појави Катица Јанева на прес комференцијата во четвртокот, точно знаеше кој случај го работело СЈО и како било името на нивниот предмет.

Не можејќи да се воздржи, а да не се пофали и да му се закани на градоначалникот, советникот Николовски го објави тоа на сопствениот профил. Намерата во случајов е очигледно само една, да се заплаши градоначалникот дека Катица Јанева ќе ги оцрнува сите оние кои им пречат на поединци од сдсм.

СЈО не излезе со информација во јавноста дека им бил пробиен случајот така што очигледно е дека советникот успеал да се избори неговиот таргет да добие приоритет кај Јанева. Ова не е прв сомнителен случај во кој пто СДСМ и медиумите финансирани од Сорос и СДСМ ги добиваат информациите што ќе сработи СЈО од партијата.

Ова е уште еден доказ за тесната поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ. Односно, ако не постои никаква поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ, како тогаш, координаторот на советничката група на СДСМ, Николовски можел предвреме да знае за што точно ќе биде покрената истрага?

Ова оди во прилог на тврдењата дека СЈО дејствува како продолжена рака на СДСМ. Во изминатиот период јавноста беше сведок на тоа како Заев практично најавуваше дека специјалната јавна обвинителка ќе испорача случај, а Јанева одржуваше прес конференции веќе следниот ден.

Ако СЈО навистина е независно, како што тврди, како тогаш СДСМ однапред знае кои истраги ќе бидат покренати?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top