Доналд Трампс моментно води во трката за претседателска номинација кај Републиканците. Тој засега во потполност не го декларирал правецот на својата политика. Но, како што пишува „Би-би-си“, можно е да се издвојат 25 работи во кои Трамп сигурно верува.
На прво место Трамп верува деа многу Арапи кои живеат во Америка славеле по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.
Тој исто така смета дека видео-надзорот треба да постои во сите џамии во САД, односно сите муслимани треба да бидат следени. Нему му е сеедно што е тоа политички некоректно.
Против ИД треба да се бори на тој начин што џихадистите со посебни методи ќе бидат „удавени“, а смета дека со бомбардирање ќе се „истера ѓаволот“ од исламската држава.
Републиканскиот кандидат сака да воведе нови правила за плаќање такси.
Како една од неговите идеи и изградба на ѕид на границата на САД со Мексиско, велејќи дека поголемиот дел од Мексиканците кои доаѓаат во САД се криминалци.
-Носат дрога, криминал, силувачи се – вели Трамп за Мексиканците.
Тој предлага масовна депортација на илегалните мигранти.
Бизнисменот смета дека со одлично би се сложувал со Владимир Путин, рускиот претседател.
-Не верувам дека би имале проблем со Путин – вели Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.