| четврток, 6 декември 2018 |

Манијакот со велосипед повторно излезе на улиците

Околината на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Тафталиџе и велосипедската патека на кејот на реката Вардар во населбата Аеродром повторно станаа сцена во која еден велосипедист секојдневно вознемирува припаднички на понежниот пол, со тоа што ја соблекува облеката и ги покажува интимните делови од телото, пишува „Нова Македонија“.

Социјалните мрежи се вжештија со информации за враќањето на манијакот, а очевидците веќе го дадоа и неговиот опис.

– Манијакот со велосипед повторно се појави во градот. Напаѓа девојки, а особено го привлекуваат разголени нозе. Станува збор за црномурест маж со крупни очи и секогаш носи капа на главата и ја покрива устата. Најчесто е облечен во спортска облека, а напаѓа и прекуден – пишува Ф. Јаневска на социјалните мрежи.

Кристина Чурлинова, жителка на општината Карпош, објаснува дека веќе неколку недели воопшто не се осмелува сама да шета низ населбата.

– Еднаш и мене ме бркаше, но успеав да побегнам. Тој е доста впечатлив, има околу триесет години и вози сив велосипед. Секогаш на вратот носи марама, која ја става врз устата кога има намера да нападне – објаснува Чурлинова.

Прочитајте ја целата сторија на „Нова Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top