Кошаркарите на Фени Индустри ја постигнаа 18. победа во првенството откако вечерва на домашен терен ја победија Струмица со 82:67 (35:14; 14:20; 25:16; 8:17) во првиот натпревар од последното коло.
Тимот од Кавадарци победата ја обезбеди по одличната прва четвртина кога постигна 35 поени, а гостите 34 поени реализираа во првото полувреме. Најефикасен на натпреварот беше Карло Враговиќ со 31 поен, а имаше и 9 асистенции и 7 скокови. Тој имаше само едно промашување на натпреварот (12/13 од игра и 4/4 од линијата за слободни фрлања).
Фени Индустри со победата ја потврди позицијата број 4 во плеј офот.
Утре се играат два натпревара од 28.коло: Работнички – Кожув и Бест – Куманово.
Дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи се игра во недела.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 51 бод, Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 46, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 33, Бест 27.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.