Професор доктор Виктор Лилчиќ Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија и неколку негови соработници, денеска го посетија местото и направија увид во археолошките работи со кои се открива дворец од античко македонско време над Демир Капија.
– Просторот на Демир Капија изобилува со повеќе тврдини, некаде се околу седум такви објекти на карпите над Демир Капија. Она што било значајно, нивната улога всушност, била за зашитување на теснецот кај таканаречената железна порта просек односно големиот град Стена во античко и Просек во средновековно време – рече Лилчиќ Адамс.
Една од најрепрезентативните тврдини, нагласи тој, е Марковата Кула која спаѓа во атарот на село Корешница, општина Демир Капија, доминантен рид што во минатото го држеле Пајонските владетели, што во раната антика го зазеле македонските кралеви.
– Најдовме монети од времето на повеќе македонски кралеви, меѓу кои и на Аминта, таткото на Филип и дедо на Александар Македонски. Тука била изградена тврдина околу сто и педесет метри на околу седумдесет –осумдесет метри и изграден посебно репрезантивен внатрешен дворец од огромни камени блокови, ѕид три метри широк околу, со две северни правоаголни кули. Овој дворец во кој несомнено престојувале и македонските кралеви бил подигнат некаде во првата половина од четвртиот век пред новата ера. Овогодишното истражување на ова место се реализираат преку Археолошкиот музеј на Македонија (тимовите на директорот Весела Честоева) и тоа со основни методи на археологијата, површинско рекогносцирање и ископување – нагласи Лилчиќ Адамс кој е и професор по археологија на Филозофскиот факултет.
Токму затоа, целта и интересот на владата на Република Македонија, додаде, се, со овој значи капитален проект на Владата на Република Македонија, Маркова Кула, да се продолжи и понатаму.
Тој информираше дека истражувачките активности ќе се одвиваат преку три проекти.
– Почетниот го финансира Управата за зашита на културно наследство преку археолошкиот музеј на Македонија. Тој траеше тој околу еден месец и сега завршува, а активностите продолжуваат од понеделник значи и ќе траат уште околу еден месец, ќе се работи исто преку Археолошкиот музеј на Македонија. Тоа е тимот на магистер Владимир Атанасов, од проектот на Археолошки катастар на Република Македонија. Со тоа што ќе биде истражувана површината на тврдината. Значи до сега во рамки на првиот спомнат проект под раководство на магистер Орданчо Петров се ископа севернозападната кула на дворецот и тука сега се запира, сега ќе се работи површински, а од наредната 2017 година археолошкиот музеј на Македонија на чело со директорката Весела Честоева ќе организира еден посебен макро проект за реконструкција и осветлување на овој македонски владетелски дворец и подигање на јарбол со македонското знаме – додаде Лилчиќ Адамс.
Новиот проект ќе стартува во 2017 година и ќе се одвива во неколку фази.
Истражувањето на Маркова кула-Корешница е капитален проект на Владата на РМ, кој во координација на Управата за заштита на културното наследатво се реализира од НУ Археолошки музеј на РМ. Раководител на проектот е м-р Орданче Петров од Институтот за старословенска култура од Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украле осум тони мазут од Специјалниот завод во Демир Капија
-
Повредени две лица во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Удово
-
Детали за трагедијата: Алпинистот кој загина кај Демиркаписката клисура паднал од 20 метри височина
-
Груевски се сретна со членовите на општинскиот и претседателите на месните комитети од Демир Капија (фото)