1. Лајк (Like)
Мала Израелка го добила своето име според опцијата „лајк“ на Фејсбук. Годинава, многу луѓе го „лајкувале“ бебето Лајк.
2. Фејсбук (Facebook)
Најпопуларната социјална мрежа придонесе до создавање на уште едно име. Девојче од Египет го добило името Фејсбук 2011.
3. Гугл (Google)
Сега веќе шестогодишниот Гугл е Швеѓанин, а интернет пребарувачот според кој го добил името, им порачал на неговите другари во училиште да не бидат злобни кон него.
4. @
Машко бебе во Кина е крстено според овој симбол за електронска пошта. Не е познато дали кинеската влада го одобрила тоа.
5. Виста
Четиригодишна Канаѓанка се вика Виста, како оперативниот систем Windows Vista.
6. 2.0
Крајно оригинална замена за Јуниор или II. Американци во 2004 година својот син го крстиле Џон Блек Кјузак 2.0.
7. Аннанова
Холанѓанка, која сега има 11 години се вика исто како тогашниот популарен сајт.
8. Тренди
Името на бебе од Англија родено оваа година, изведено е од „Trending Topics“ на Твитер.
9. Иума
Многу деца во различни земји го носат ова име чиј акроним е Internet Underground Music Archive.
10. Довахкиин
Пред неколку недели, двајца Американци на својот син му дале име според јунак од една видео игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.