| четврток, 6 декември 2018 |

Најздрави сме во 30-тата година, а најбогати во 47-та година од животот

луге

Просечна личност е најздрава во 30-те години од животот, најбогата во 47 и има најдбар секс на 32 години од животот, покажа едно ново истражување.

Испитувањето што опфати две илјади мажи и жени во Велика Британија покажа дека луѓето во просек се најсреќни во 39-та година од животот и дека со својата кожа најдобро се чувствуваат на 31 година, но процутот на кариерата го доживуваат во 38-та година од животот.

Според студијата, други важни години во животот се 40-тата кога се чувствуваат најзадоволни во љубовта, додека финанисиската состојба е најдобра во 42 -та година. Само 23 отсто од испитаници се изјасниле, дека би го користеле унапредувањето на науката за постигнување на вечен живот.

Ова се најважни години во животот на луѓето:

– Најздрави сме во 30-тата

– Најбогати сме во 47-тата

– Најсреќни сме во 39-тата

– Најзадоволни со изгледот сме во 31-та

– Најсреќни во кариерата сме во 38-та

– Најдобар секс имаме во 32-тата

– Најзадоволни со врската сме во 40-тата

– Ја пронаоѓаме вистинската љубов во 32-тата

– „Изневеруваме“ и се забавуваме на 24-та

– Имаме најдобри примања во 42-та година од животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top