На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во рамките на гостувањето на „Танц фест 2016“ синоќа беше изведена претставата „Волшебен свет“ во продукција на Скопје Танцовиот Театар.
Велешката публика, танчерите за одличната изведба на сцена ги награди со аплауз. Воедно и малите балерини од Модното студио „Анабела“ кои им се придружија во еден дел од претставата.
Во претставата настапија членовите на Скопје Танцовиот Театар: Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова и гостинот од Кина Занг Венхаи. Костимите беа на Благој Мицевски, асистент на претставата беше Адријана Данчевска, а супервизор Рисима Рисимкин.
„Волшебен свет“ се состоеше од три кратки кореографии на познатата музика „Chaconne in minor D“ од Ј. С. Бах, за кои свои верзии дадоа тројца млади кореографи.
Делата „Најди некого“ на Матеа Киселичка, „Нешто пропуштаме“ на Александра Кочовска-Начева и „Контрол фрик“ на Иван Ангелковски претставуваат современа визија на авторите, кои оформуваат сопствена приказна, врз база на оваа музичка нумера на композиторот Ј. С. Бах.
Инаку со оваа претстава воедно заврши гостувањато на „Танц фест 2016“ кој во Велес беше гостин втора година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.