| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на сезоната за Ориги, настапот на ЕВРО 2016 под знак прашање

origi

Повредата на белгискиот репрезентативец Дивок Ориги на градското дерби против Евертон воопшто не е наивна и значи крај на сезоната на младиот напаѓач.

Белгиецот имаше мали шанси за камбек откако беше обелоденето дека тој нема скршеница на зглобот, но деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблеми со лигаментите на скочниот зглоб, поради што ќе следи пауза од најмалку еден месец. Ова значи дека Ориги сигурно нема да настапува за „црвените“ до крајот на сезонава, а останува да се види дали тој ќе се рехабилитира навреме за да може да биде дел од репрезентацијата на Белгија за претстојниот европски шампионат, што ќе стартува на 10 јуни.

Ориги имаше очаен старт на авантурата во Ливерпул, но ситуацијата се смени со доаѓањето на Јирген Клоп, кој успеа да го извлече најдоброто од 21-годишниот Белгиец. Тој беше стрелец на неколку натпревари во низа за „црвените“, вклучувајќи ги тука и двете четвртфинални пресметки од ЛЕ со Борусија Дортмунд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top