Локомотив Кубан успеа да ја совлада Барселона со 80-92, по едно продолжение, и да израмни на 2-2 во победи, враќајќи ја серијата зз пласман на Ф4, на домашен терен во Краснодар. Рускиот тим беше подобар во најголемиот тек од натпреварот, а имаше добитна комбинација и пред крајот на регуларниот тек од мечот. Сепак, Наваро со поени на три секунди пред крајот израмни на 76-76, по што мечот отиде во продолжение.
Но, во дополнителните пет минути, кошаркарите на Локомотив Кубан постигнаа 16 поени, наспроти само 4 од страна на домаќинот, и тоа значеше важен триумф на гостите за враќање на серијата во Краснодар.
Барселона ја испушти предноста која ја создаде на вториот натпревар во Краснодар израмнувајќи го резултатот на 1-1. Сепак и покрај првата победа на домашен терен, каталонскиот гигант ја испушти шансата за меч топка и пласман меѓу четирите најдобри екипи на стариот континент.
Ентони Рендолф беше најистакнат поединец во победничкиот тим со 28 постигнати поени, од кои дури 10 во продолжението. Хуан Карлос Наваро уфрли 19 поени во редовите на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.