Одборот на директори на Македонија 2025 денеска преку соопштение изрази загриженост поради продолжувањето на политичката криза и оцени дека земјата не смее да го губи времето на политички несогласувања кои се бариера за економскиот развој.
– Сите политички фактори во земјата треба да се фокусираат на создавање работни места, подобрување на јавните услуги и создавање на еднакви можности за сите граѓани. Во време на големи предизвици, луѓето треба да делуваат смирено и да бидат воздржани од чинови кои се штетни за благосостојбата на народот. Придобивките на демократијата, транспарентноста и слободата на говорот треба да бидат насочени кон подобрување на земјата во оние области кои заостануваат во споредба со функционалните демократии кои имаат развиени економски системи и пазари. Македонија 2025 смета дека кризата штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и привлекувањето на странски инвестиции во Република Македонија- се наведува во соопштението.
Македонија 2025 ги повикува сите страни инволвирани во политичката криза да го стават на прво место добробитот на земјата и на народот и да работат кон решавање на проблемите на демократски начин кој ќе ги гарантира стабилноста и просперитетот во земјата.
-Ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ја примат пораката на Џон Битов Постариот, кој беше визионер и идеен основач на Македонија 2025: „Македонците низ светот треба меѓусебно да се почитуваат и да се грижат едни за други.“ Членовите на Одборот на Македонија2025 негуваат култура на меѓусебно почитување и во тој поглед искрено се надеваат дека политичкиот естаблишмент ќе се држи до истите принципи кои на нашата земја можат да ѝ донесат вистински економски и општествен напредок- се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот