| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: НАТО не смее да има флота во Црно Море

rusija_ambasador_nato

НАТО мора да ја ревидира својата позиција околу формирање црноморска флота,  смета постојниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко.

Според него, присуството на вонрегионални сили во Црно Море ја дестабилизира ситуацијата во регионот.

Тој, коментирајќи го предлогот за создавање црноморска флота на НАТО изјави дека во Црно Море не смее да се зголемува присуството на војски на држави надвор од регионот, пренесуваат руските медиуми.

На почетокот на 2015 година Романија ја претстави идејата за создавање таква флота, објаснувајќи ја со засилувањето на присуството на Русија во регионот на Црно Море.

Украина изрази подготвеност да се придржи на флотата под закрила на НАТО, за што зборуваше претседателот на таа земја Петро Порошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top