| четврток, 6 декември 2018 |

Нема траги од кочење: Скопјанец настрада на пешачки премин (ФОТО)

фото Телеграф

фото Телеграф

Повозрасен скопјанец е тешко повреден и е во животна опасност кога утрово околу 9.30 часот на него налетал несовесен возач на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Алумина“.

Според изјавите на сведоците, тој го минувал булеварот на пешачкиот премин кога во него удриол автомобил „КИА“ со скопски регистарски таблички, кој се движел со голема брзина. Од јачината на ударот човекот буквално одлетал десетина метри.

Тој ја минуваше улицата. Еден автомобил беше застанат на првата ленат за да го пушти да премине кога одеднаш се појави другото возило во втората лента. Не ни закочи. Пешакот одлета во воздух и падна на земја, вели сведок на тешката сообраќајка.

Екипа на итаната помош се обидуваше да го реанимира и стабилизира прегазениот пешак на самото место.
Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top