Повозрасен скопјанец е тешко повреден и е во животна опасност кога утрово околу 9.30 часот на него налетал несовесен возач на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Алумина“.
Според изјавите на сведоците, тој го минувал булеварот на пешачкиот премин кога во него удриол автомобил „КИА“ со скопски регистарски таблички, кој се движел со голема брзина. Од јачината на ударот човекот буквално одлетал десетина метри.
Тој ја минуваше улицата. Еден автомобил беше застанат на првата ленат за да го пушти да премине кога одеднаш се појави другото возило во втората лента. Не ни закочи. Пешакот одлета во воздух и падна на земја, вели сведок на тешката сообраќајка.
Екипа на итаната помош се обидуваше да го реанимира и стабилизира прегазениот пешак на самото место.
Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст