Директорот на грчката инвестициска група „Марфин инвестмент“, Андреас Вгенопулос побарал да биде отворено банкарското досие на Слободан Милошевиќ, пишуваат кипарските медиуми.
Барањето на Вгенопулос било изнесено во писмо, кое го испратил до претседателот на комисијата, која ги разгледува злоупотребите на банкарскиот систем на Кипар. Според него, досието на Милошевиќ, кое не било чепнато со години, ќе покаже како функционирал политичкиот и финансиски систем на Кипар, кој има голема вина за сегашната криза.
– Мислам дека комисијата треба да го отвори досието за да се види кои биле носителите на сметките, како дошле тие пари на Милошевиќ во Кипар, колку се, каде се префрлени, законски ли се и со чија помош се вршеле трансакциите (банкари, политичари и други) – се вели во писмото на банкарот.
Според различни публикации, од 1989 година до 2000 година Милошевиќ успеал да отвори банкарски сметки во повеќе земји на кои има од 100 милиони евра до една милијарда евра. Се тврди и дека куфери со пари пристигнувале и на Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Милошевиќ ја купи за 2 000 марки, а сега неговата вила вреди неколку милиони евра (фото галерија)
-
Во Косово се подготвува мјузикл за Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ
-
Слободан Милошевиќ пред 17 години падна од власт во Србија