Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на претстојните парламентарни избори ќе биде дел од десната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша.
По одлуката за претседателството на Македонска алијанса за европска интеграција за колаицирање со Демократската партија, Едмонд Темелко, претседател на Македонска алијанса, потпиша договор за коалицирање со Ридван Боде, генерален секретар на Демократската партија на Албанија.
Од Македонска алијанса за европска интеграција сметаат дека ова досега е најдобриот коалициски договор што македонската партија го имала во Албанија, посебно затоа што со договорот Демократската партија се обврзува да ги штити правата на Македонците во Албанија, да инвестира во областие каде што живеат Македонците, да може да се изучува македонскиот јазик и Демократската партија ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на Македонска алијанса за локалните избори 2015 година во општините Пустец, Мала Преспа и Требиште во Голо Брдо.
Во договорот се предвидува:
– Демократска партија на Албанија и Македонска алијанса за европска интеграција ќе настапат во заедничка колиција предводена од Демократската партија и после победата на изборите Македонска алијанса ќе биди застапена со раководни функции од централно до локално ниво во повеќе окрузи на Албанија во соглсност со добиените гласови.
– Демократска партија и Македонска алијанса за европска интеграција ќе коалицираат и за локалните избори во Албанија, кои ќе се одржат во 2015 година. Демократска партија на Албанија ќе ги поддржи кандидатите на Македонска алијанса за европска интеграција во општина Пустец во округот Корча и општина Требиште во дебарскиот округ.
– Демократска партија на Албанија се обврзува дека ќе ги поддржи и заштити правата на македонското малцинство во Албанија во согласност со меѓународните обврски и стандарди за малцинствата.
– Демократска партија на Албанија се обврзува дека нејзината влада ќе инвестира во инфраструктура, образование, водоснабдување, канализација и отпадни води и други сектори во областите, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора да го подобри животот на жителите на овие области.
– Демократска партија на Албанија се обврзува да реализира учење на македонски јазик за учениците од македонското малцинство, секаде каде што се исполнуваат условите во согласност со законодавството кое го регулира образовниот систем во Република Албанија.
Пред потпишувањето на договорот за коалиција, Македонска алијанса доби гаранции од претставници на Владата на Република Албанија дека во мај 2013 година ќе се отвори граничниот премин Џепиште-Требише само за локалните жители од Голо Брдо и од Дебар, до изградбата на целосната инфраструктура за целосното отворање на овој граничен премин. Додека за граничните премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора, кои гранични премини постоеја до сега само како пешачки премини, од мај 2013 година ќе бидат функсионални и за возила.
Овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.
Исто така, Македонска алијанса доби гаранции дека до септември сите предмети на македонски јазик кој со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени, додека за барањето на Македонците од Требиште, Голо Брдо од септември ќе се изучува македонскиот јазик од седмо оделение како што предвидува законот за образование на Република Албанија.
Претходно еден ден пред потпишувањето на договорот за коалиција, Македонска алијанса излобира да Владата на Република Албанија одобри два проекти во вредност од 200.000 евра, и тоа асвалтирање на патот во с. Горна Горица и реконструкција и асфалтирање на патот до Здраствен дом, влезот на с. Пустец и двата проекти во општина Пустец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелација му го врати пасошот на Едмонд Темелко
-
Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа: Следната недела голем протест на ВМРО – ДПМНЕ против сите неправди
-
Нечовечки однос на власта: Продолжен притворот на Едмонд Темелко за уште 30 дена
-
Светскиот Македонски Конгрес со осуда до СЈО: Бараме безусловно помилување за Едмонд Темелко


