| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажува вашата интимната фризура за вас?

Современите жени им посветуваат исто толку внимание на интимните фризури колку и на оние на главата. А токму таа многу зборува за својата сопственичка. Отворените и по малку диви жени прават избор што се разликува од оној на позатворените и посрамежливи. Африкана или бразилка, откријте што зборува вашата фризура – може и да се изненадите и да наидете на нешта за кои и самите не сте биле свесни.

ПО БИКИНИ-ЛИНИЈАТА

Со оваа депилација се отстрануваат влакненцата што ѕиркаат под гаќичките од бикините. Се депилира само минимално подрачје и поради тоа е наречена обична бикини-депилација. Со оглед на тоа што таа е најсигурна, во жената што ја избира се крие добра девојка, која не сака да се откаже од својата природна убавина. Скромна е и не сака да привлекува внимание со радикално однесување, но сака да биде уредна и убава.

ФРАНЦУСКА ДЕПИЛАЦИЈА

Многу е слична на обичната, но сепак зафаќа малку повеќе влакна на ципите. За таква депилација се одлучуваат жените што не сакаат да бидат „обични“. Тие сé уште се добри девојки, но повремено сакаат на светот да му покажат дека знаат да бидат и опасни. Сакаат промени и во одреден момент во животот решаваат да покажат малку повеќе од својата женственост.

СТРАЈП-ФРИЗУРА

Ова е многу популарна депилација, а опфаќа отстранување на сите влакна од интимниот регион, со исклучок на една тенка линија. Мажите особено ја обожаваат – и на поглед и на допир. За жените, пак, таа зборува дека се авантуристки, отворени и комуникативни. Подготвени се на секакви лудости, но никогаш не ја преминуваат границата, баш како и самата депилација. Се соголува речиси сé, но никогаш до крај.

БРАЗИЛКА ЗА НЕСКРОТЛИВИТЕ

Во последните години ова е сигурно најпопуларната депилација на светот, особено меѓу холивудските убавици. Бразилката подразбира целосно отстранување на влакната на интимните делови. Малку повеќе е болна отколку преостанатите, но по процедурата жената има чувство на слобода и леснотија. Токму такви жени и се одлучуваат за неа – слободни и неоптоварени. Тие знаат дека се секси, му се восхитуваат на своето тело, а тоа го очекуваат и од другите. Нескротливи се и во сексот, иако некогаш може да бидат и пренападни и не оставаат многу за фантазијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top