Голем број земји во светот имаат многу најнеобични и конфузни законски одредби, кои или се појавиле некаде во минатото, кога светот бил поинаков или затоа што некој направил некоја глупост, па сторено е се да се спречат таквите постапки во иднина.
Исклучок не е ниту Австралија, а британски „Телеграф“ пренесува 13 најнеобични примери:
1. Таксистите во Квинсленд морат да имаат сено во багажникот.
2. Во Викторија е илегално да се замени сијалица, освен ако не сте кавлификуван електричар.
3. Баровите, според законот, мораат да ги сместат, нахранат и напијат и коњите на гостите.
4. Во пабовите во Австралија илегално е да е се биде пијан.
5. Во недела попладне во Викторија забрането е да се носат куси розови панталони.
6. На плажата Брајтон во Мелбурн, пливачите за капење го кршат законот ако не носат костим за капење од глава до пети.
7. На лицата помлади од 18 години им се забранува купување цигари, но можат да пушат колку што сакаат и каде сакаат.
8. Илегално е оставање клучеви во бравата на возилото „без човечко присуство“.
9. Со закон е забрането да се лута по улиците во црна облека, чевли од волна и со црна боја за чевли на лицето.
10. Илегално е да се оди по десната страна на тротоарот.
11. Забрането е доближување до леш од кит на помалку од 100 метри.
12. Во Бризбејн е забрането плукањето.
13. Маскирањето е илегално, освен доколку за тоа не постојат законски одредби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.