| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на пенисот во Јапонија (фото)

1

Секоја пролет стотици луѓе се собираат во градот Кавасаки, Јапонија, за да го прослават годишниот фестивал посветен на Железниот Фалус – Канамара Матсури, кој оваа година се одржа на 6 април.

Парадата обиколи повеќе улици со огромен розов пенис, носен на голема платформа поставена врз рамениците на жени, облечени во розови свилени кошули.

2

3

4

Фотографиите го прикажуваат фестивалот со целата негова раскош, покажуваат луѓе што лижат лизалчиња во форма на пениси, купување хартиени изданија посветени на пенисот и др.

5

6

Приказната за почитувањето на машкиот полов орган почнува во 1600 година за време на јапонскиот едо период, кога локални проститутки ги кажувале своите молитви за заштита од сексуални насилници и заразување со срамни болести во храмот „Канамара шинто“, кој се наоѓа во Кавасаки.

7

Поинтересна е другата приказна, исто така поврзана со појавата на овој празник, имено легендата за жената со забеста вагина, која го одгризнувала пенисот на мажите со кои спиела. Проколнатата жена, која се претвора во симбол-метафора на сифилис, кој бил раширена зараза во тоа време, бара помош кај исцелител, кој ѝ дал железен пенис, со кој таа да ги крши забите на демоните што живеат во неа.

8

Иако замислата на овој фестивал е многу подлабока, тој останува вулгарен и смешен, а ако го посетите ќе се нагледате на секакви предмети со форма на пенис, весели луѓе од секаков пол и возраст, вклучувајќи и деца.

9

10

Денес фестивалот со огромен розова пенис има цел да обрне внимание на безбеден секс и за превенција од сида.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top