| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да знае секоја домаќинка

mastika

Сите знаеме колку може да не изнервира масна дамка на омилената кошула или посивена маица или завеса. Меѓутоа овие трикови можат да ви помогнат во такви ситуации

Дамките секако се најголемиот проблем при перењето на облека, но многу нервира кога ќе видиме и залепена мастика или восок, како и флеките од масна храна.

Еве како можете да ги исчистите пред перење.

  1. За да отстраните восок или мастика од гардероба или постелнина, оставете прво да се исуши, а потоа отстранете колку можете. Преку флеката ставете весник. Со пегла поминете неколку пати горе долу и мастиката односно восокот ќе се залепи за весникот. Исто така мастика може лесно ќе ја отстраните со едноставен трик со мраз. Тријте ја коцката мраз врз мастиката, а потоа со нож или друг остар предмет внимателно отстранете ја. Се разбира, внимавајте да не ги оштетите облеката.
  2. Масните флеки кои остануваат после перењето на веш (или воопшто кои ќе се најдат на вешот) лесно ќе ги отстраните ако ги посипете со детска беби пудра, малку почекајте, потоа пудрата истресете ја од облеката.
  3. Завесите повторно да бидат чисто бели после перење, потопете ги една вечер пред тоа во вода во која сте ставиле прашок за пециво. На три литри вода оди еден прашок за пециво.prasok za pecivo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top