На состанокот, кој ќе се одржи по иницијатива на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиjас, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.
Состанокот во Солун е со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Утре доцна попладне ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, а во петок ќе има разговори меѓу министрите или претставници на министерствата за внатрешни работи на четирите земји, по што ќе се одржи и заеднички состанок на министрите за надворешни и внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.