| четврток, 6 декември 2018 |

Премер и бесплатни елаборати за објекти на 5.000 граѓани и компании

katastarСтапија во сила законските измени со коишто Катастарот по службена должност ќе изврши премер на објекти на 5.000 граѓани и компании и ќе им издаде бесплатен геодетски елаборат со што може да се изврши катастарско впишување на имотот и издавање имотен лист.

Станува збор за објекти за кои граѓани и компании поседуваат градежно техничка документација, но од објективни или субјективни причини не ја доставиле до Катастарот додека траела постапката за систематско запишување и ја пропуштиле можноста за бесплатен премер и добивање имотен лист.

Ако просечната цена на геодетски елаборат за објект од 100 метри квадратни е 100 евра, според проценката на Катастарот, мерката  со која ќе бидат опфатени 5.000 граѓани и компании, за нив ќе значи заштеда од 500.000 евра.

– Оваа мерка ги изедначува сите граѓани кои посеудваат стара градежно техничка документација пред Уставот и законот. Ја користам оваа прилика граѓаните и компаниите што поскоро да се обратат до шалтерите на Катастарот, да поднесат барање и да ја достават докуметацијата, по што Катастарот ќе излезе на лице место, ќе изврши премер на објектот и ќе направи бесплатен геодетски елаборат, а граѓанинот ќе може да го запише објектот во Катастарот и да добие имотен лист, рече денеска на прес-конференција директорот  на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Законските измени се изготвени по укажувањата од граѓаните на отворените денови на Катастарот и средбите со нив при посетите на терен од владините функционери. Во постапката  за систематско запишување на правата на сопственост која заврши во 2012 година имотен лист добија над 600 илајди објекти и четири милиони парцели.

Со измените на Законот за катастар се утврди и нов рок за запишување инфраструктурни објекти во катастарот за инфраструктурни објекти, до 24 април следната година, до кога треба да се запишат 40 проценти од објектите, а останатите 60 проценти најдоцна до 24 април 2019 година. Како што појасни Трпески, 99 проценти од инфраструктурните објекти ќе мора да поминат постапка за легализација, а сите иматели на такви објекти поднеле барање до општините во продолжениот рок за таа намена што заврши на крајот на минатиот месец.  Досега во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани 162 километри линиски инфраструктури (кабли, водови, каналзиација.. ), 664 метри квадратни површински објект (пристаништа, аеродроми) и 397 точкасти инфраструктури (базни станици, антени, предаватели,..). Компаниите почнале да вршат и приблежување на инфраструктурните објекти што се во градба и досега се прибележани 346 линиски инфратсруктури, како и една точкаста инфраструктура. Во катастарот на инфраструктури има и 170 километри линиски инфраструктури кои се само евидентирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top