| четврток, 6 декември 2018 |

„Битола Шекспир фестивал“ стана рамноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали

Оваа одлука била изгласана во текот на вчерашниот ден во рамките на 10. Интернационален Шекспир фестивал во Крајова, Романија, кога се одржало и годишното собрание на престижната европска асоцијација на манифестации кои го негуваат творештвото на големиот Шекспир

Македонскиот реномиран театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ стана рамноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали, соопшти организаторот на Фестивалот.

8e9241b3-e0fd-4377-aecc-425835b77b8c

Оваа одлука била изгласана во текот на вчерашниот ден во рамките на 10. Интернационален Шекспир фестивал во Крајова, Романија, кога се одржало и годишното собрание на престижната европска асоцијација на манифестации кои го негуваат творештвото на големиот Шекспир.

„Претставник од Република Македонија беше уметничкиот директор на „Битола Шекспир фестивал“, Благој Мицевски, кој пред своите европски колеги ги презентираше досегашните изданија на Фестивалот и ја најави програмата за четвртото издание кое годинава, со поддршка од Министерството за култура, ќе се одржи во последната недела од јуни во Битола.

Членовите на Асоцијацијата ја истакнаа обемната и разновидна програма на „Битола Шескпир фестивал“, регионалната соработка што ја поттикнува Фестивалот, како и интересот за големи компании од Европа и од светот за учество на овој театарски фестивал.

c303d3aa-c43c-4801-a853-04ce95cdbe7e

Вклучувањето на „Битола Шекспир фестивал“ во оваа Европска асоцијација е од особено значење бидејќи ќе отвори многу нови можности за иден развој на Фестивалот и за поинтензивна соработка со другите фестивали од Полска, Германија, Романија, Франција, Унгарија, Англија, Србија и од други земји“ се вели во соопштението.

Уметничкиот директор на битолскиот Театар, Благој Мицевски, не го криеше задоволството од ваквиот развој и успех на Фестивалот, а деталите од Конференцијата во Крајова ќе бидат соопштени заедно со програмата на новото издание на „Битола Шекспир фестивал“ на посебна прес­ конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top